Голем број проекти реализирани во 2016та година во Општина Дебрца
Голем број проекти реализирани во 2016та година во Општина Дебрца. Градоначалникот Игор Трајкоски даде отчет за она што е направено, а зборуваше и за плановите и проектите за оваа година.
Градоначалникот на Општина Дебрца даде отчет за работењето во 2016та год. Тој зборуваше за и реализираните проекти во годината што измина, но и за оние кои ќе се реализираат во 2017та. Во 2016та реализирани се проекти со вкупна вредност од 76 770 000ден. Изградба на фекална канализација во село Горенци, асфалтирање локален пат од Злести до село Лешани во должина од 2км, изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асвалтирање на улица во Ботун во должина од 1км, изградба на атмосферска канализација во Ботун во должина од 300 метри, организирање на фолк фест Црешнобер 2016, реконструкција на основното училиште во Оровник, изградба на бетонски премин во село Годивје, санација на фудбалското игралиште во село Белчишта, тампонирање на полски пат од село Волино до село Требеништа, реконструкција на водоводната мрежа во село Требеништа, реконструкција и санација на културниот дом во село Лешани, изградба на пешачка патека покрај Охридското Езеро, тампонирање на улици во село Лактиње.
Преземајќи го управувањето со општина Дебрца уште на самиот почеток се поставија приоритетни проекти и активности и мерки кои беше неопходно да се преземат со крајна цел да се обезбедат подобри услови за целото население на општина Дебрца, вели Игор Трајкоски, градоначалникот на Општина Дебрца.
И за 2017та година предвидени се голем број инвестиции со што ќе се продолжи трендот на развој на општина Дебрца. Посебен акцент се става на проектите од сферата на спортот, културата и образованието.
Во 2017та год. Предвидена е санација на фудбалското игралиште за голем фудбал во село Волино и во село Лешани, санација и реконструкција на културниот дом во село Злести, санација и реконструкција на основното училиште во село Ботун, кажува Трајкоски.
Останатите проекти кои се планира да се реализираат во текот на оваа година се доизградба на фекална канализација во село Мешеишта, организирање на фолк фест „Црешнобер 2017та“, набавка на комунално возило за собирање отпад, изградба на фекална канализција во село Лешани и село Велмеј со пречистителна станица, партерно уредување околу изворите во село Велмеј, санација на каптаѓа на извор Тројане во село Оровник, санација на пумпна станица Св. Еразмо, изградба на плоштади во селата Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Требеништа, Волино, Горенци и Оровник, асфалтирање и тампонирање на локални улици во село Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Ново село, Врбјани и Брежани. Вкупната вредност на новите проекти изнесува 77 320 000ден.