Skip to main content

Роман Хакен во посета на струшкото средно училиште „Нико Нестор“

Од вкупно 680 апликанти, од 28 земји членки на ЕУ и 5 кандидатки за членки, струшкото средно стручно училиште „Нико Нестор “ се најде во 33 те избрани училишта кои ќе учествуваат на Младинскиот Форум во Брисел. За таа цел денес во посета на ова училиште беше европратеникот Роман Хакен член на Европскиот комитет за економија и социјална политика.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Околу 120 ученици од Средното општинско стручно училиште „Нико Нестор“ од Струга денес се сретнаа со Роман Хакен член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Цел на посетата беше отворање на дебата со учениците на теми поврзани со развојот на економијата. Директорот на училиштето Никола Затуроски вели дека посетата на Хакен за нив претставува голем настан, односно подготовка на учениците од нивното школо кои треба да одат во посета на Брисел.

„Темата за ЕУ е главна тема, предностите и недостатоците од членувањето во ЕУ. Целта на состанокот е спремање на учениците кои што треба да присуствуваат на настанот кој што ќе се случува во Брисел во период од 30- 31 март годинава и ќе дебатираат на иста тема ќе даваат нивни предлози, размислувања како организациски би се подобрила ЕУ

Посетата на Хакен всушност претставува подготовка на учениците и наставниците кои треба да отпатуваат за Брисел на Младинскиот Форум, кој се организира по повод 60 годишнината од Римската повелба. Хакен истакна дека настанот во суштина претставува симулација на пленарните состаноци кои тие ги држат во Советот на Европа.

„Ги има 50 членови на телото кои што доаѓаат 9 пати годишно на такви собранија и дискутираат за проблематиката. Даваат совети делуваат како советодавно тело за Европската комисија и останатите тела“.

Хакен истакна дека учесниците на Младинскиот Форум работат на политиките и нивна задача била да ги пренесуваат нивните мислења и ставови. Додаде дека 80% од нивните гледишта и ставови биле прифатени во комисијата.