Голем интерес за стимулативната мерка за замена на дограма со ПВЦ и алуминиумски прозорци
Голем интерес за стимулативната мерка за замена на дограма со ПВЦ и алуминиумски прозорци.
Голем интерес за стимулативната мерка за замена на дограма со ПВЦ и алуминиумски прозорци. За само 2 недели пристигнале 365 барања, соопштуваат од министерството за економија. Граѓаните кои по 31 јануари купиле и вградиле ПВЦ алуминиумски прозорци или сончеви колектори ќе добиваат финансиска поддршка за подобрување на енергетската ефикасност на своите домови. Министерството за економија од годинава ќе ги покрива трошоците не само за поставување на сончеви колектори на покривите туку и за замена на старите со нови прозорци. Граѓаните може да поднесат барање за надомест на дел од вложените средства. Субвенцијата ќе е во износ од 300 до 500 евра. Министерството за економија за таа намена има обезбедено 20 милиони денари. Овие средства ќе се наменат за дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра по домаќинство. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.
Министерството проддолжува и со субвенцирање на купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата низ земјава. Годинава ресорното министерство ќе одвои повеќе средства од претходните години, а износот е во висина од околу 16 милиони денари.
Оваа мерка се применува од 2007 година. Со неа се надоместуваат дел од трошоците во износ од 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. Лани во Охрид оваа мерка ја искористиле 14 домаќинства. Остварување на ова право на надомест е по пат на јавно извлекување. Тоа ќе се одржи на 22 септември 2017 година од страна на специјални комисии составени од по три члена.