Skip to main content

Правниот статус на месните и урбаните заедници и понатака кочница за развој

Правниот статус на месните и урбаните заедници и понатака  кочница за развој.

 |  Валентина Неловска  | 

Решавањето на инфраструктурните проблеми и  развојот на месните и урбаните заедници тече споро поради нивниот правен  статус. Кочница и понатака е  законската регулатива со која тие не располгаат со сопствени жиро сметки и не може да располгаат со средства. Тоа ги попречува месните заедници да аплицираат на проекти со кои би се решиле или подобриле некои инфраструктурни проблеми.
Тоа ги попречува и во аплицирање за проекти кои ги објавува локалната самоуправа и издвојува буџетски средства за реалзиација на микропроекти, напоменува Горан Мицкоски од Тлер.  
     
„ Од таа причина не можеме финансиски д а ги поддржиме субјектите кои не се во правен и финансиски промет. Од таа причина последните години во повикот ставивме на дознаење дека е пожелно своите потреби да ги аплицираат со здруженија на граѓани на микро ниво од самата месна заедница или локално население, но може да е и од поширока област“, кажува Мицкоски за досегашното искуство од секторот за туристички и локален економски развој при реализацијата на микропроекти.

Пристапот и користењето на средствата од различни фондови   би бил многу поедноставен доколку апликациите би се одвивале директно. Сега мора да се потпишуваат меморандуми и договори за меѓусебна соработка  за да се решават или подобруваат инфраструктурни проблеми. За поедноставување и решавање на оваа правна кочница е дискутирано со државните секретари во Министерството за локална самоуправа  и економија.

„ Побарано е да се врати статусот на прaвно лице на месните заедници  онака како што беа до 2002 година. Тие ветија дека е разгледано и е во процедура ова прашање и дека има иницијативи за промена во државата“, потенцира Мицкоски.

Со враќање на поранешниот  правен статус на месните заедници  ќе се подoбри искористувањето на фондовите  за рeализација на микропроекти. Некои села би изградиле или би ги подобриле   водоводните мрежи, канализацијата, потпорните ѕидови, уредување на плоштади и јавни чешми и други инфраструктурни проекти со кои би се  подобрил  животот на локалното население.