Пенев: Политикитите за рамномерен регионален развој не одат во добра насока
Политикитите за рамномерен регионален развој последниве години не одат во добра насока. Тоа го говорат истражувањата направени од проектниот тим на Алијансата за регионален развој. Југозападниот плански регион, во распределбата на буџетските средства од програмата за рамномерен регионален развој во периодот 2013-2017 година доби половина од предвидениот процент.
Граѓанскиот сектор треба да биде запознат со политиките кои што се спроведуваат на национално и регионално ниво за балансирање на разликите во однос на регионалниот развој. Од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, спроведоа истражувања во однос на ефектите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој. Слаѓан Пенев проект координаторот на „Алијансата за регионален развој“, открива дека во моментов Скопскиот регион е најразвиен со некаде околу 43% учество во вкупниот бруто домашен производ на национално ниво, што не може да се каже и за Југозападниот плански регион кој учествува со околу 7,9% .
„Таа ситуација за жал последниве години не оди во добра насока, не се многу ефикасни овие политики кои што ги спроведува Владата, пред се бидејќи не се држи до тој законски 1% од бруто домашниот производ, туку по своја методологија Владата ги лоцира тие средства кои што таа смета дека се битни за региоанлен развој во оние региони за кои одлучуваат дека се на највисоко ниво треба да бидат поддржани“.
Според Законот за рамномерен регионален развој и Стратегија за регионален развој 2009-2019, каде е предвидено минимум 1% од БДП на државата да се инвестира во помалку развиените региони и да се стимулираат помалку развиените региони за да се избалансира развојот во осумте плански региони во РМ, само во југозападниот плански тегион треба да бидат искористени 13% од предвидените 100 милиони евра, но за жал тоа не се случува, вели Пенев.
„Анализирајќи ги сите параметри политиката која што се спроведува последниве 10 години, речи си и да не се разликува од таа која што постоеше пред да се донесе законот, која што сегашната власт ја нарече моноцентрична политика на регионален развој, значи се инвестирало најмногу во Скопје во другите региони не…продолжува сличната практика преку оние проекти Скопје 2014“
Организациите, Форум Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола, денес во Струга организираа работилница на која беше направена јавна презентација на активностите на проектот „Алијанса за регионален развој“, како и презентација на резултатите од базичното истражување за спроведувањето на политиката на рамномерен регионален развој. Инаку Југозападниот регион е на шесто место според индексот на развој во државата, на петто место според економско-социјалниот индекс и на претпоследно, седмо место, според демографскиот индекс.