Skip to main content

„Едно капаче – Една надеж“

„Едно капаче – Една надеж“ .ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонската Медицинска студентска асоцијација. Ако соберат 250 килограми капачиња кои треба да бидат испратени во Турција на рециклирање ќе добијат една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Едно капаче – Една надеж“. Еколошиот одбор, сите вработени и ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта во Куратица, Ливоишта и Косел се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонска Медицинската студентска асоцијација. Треба да се соберат 250 килограми капачиња кои ќе бидат испратени во Турција и кои ќе бидат рециклирани. За возврат се добива една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Учениците од овие училишта сесрдно ја прифатија акцијата и веќе две недели секојдневно собираат капачиња.


Јас донесов десет капачиња, а ма ќе носам и понатаму. И моите другарчиња секој ден носат капачиња и ги ставаат во кутијата, вели еден петоодделенец.

Јас многу сакам хуманитарни акции и секогаш учествувам во нив. Сакам да помагам и дабидам хуман, вели неговиот другар.


Од ОУ „Ванчо Николески“ велат дека нивното училиште ја негува хуманоста и секогаш кога има можност се приклучува или самото организира хуманитарни акции. Ги повикуваат сите граѓани и ученици на Охрид да се приклучат кон оваа иницијатива. Засега ова училиште е првото во општина Охрид во кое се спроведува оваа акција.

И колегите и учениците беа навремено известени за акцијата и сите со воодушевување и со радост ја прифатија и се приклучија затоа што целта е повисока. Покрај што има хумана димензија има и еколошка бидејќи покрај капачињата ќе ги собираме и шишињата кои ќе ги дадеме во отпад за рециклирање, вели Жаклина Трипунова -директорка на ОУ „Ванчо Николески“

Директорката кажува дека акцијата се повеќе се интензивира и дека за брзо ќе ја соберат потребната количина. Капачињата се собираат во кутија која е поставена на влезот на училиштето.