Втoро издание на Feelmotion фестивалот
Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.
– Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – *Штип*, Есра и ФДУ – *Скопје*, Тетовскиот Универзитет од *Тетово*, Хасан Приштина од *Косово*, ФАМУ од *Чешка*, ФДУ Цетиње од *Црна Гора*, Универзитетот Јашар од *Турција* и Национална Академија за Театар и Филм од *Бугарија*.
– Работилниците ќе бидат водени од страна на продуценти.
– Дел од музичката програма ќе биде *Sweet Rapscalions**.*
Официјалното отворање на фестивалот започнува во *четврток, 9ти март во 19 часот* *со филмот **“90 Minutes – Berlin Project” **на Иво Трајков*, додека просториите на академијата ќе останат отворени *24 часа* за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.