Skip to main content

Мандатите истекуваат, неизвесно како ќе функционираат општините до редовните избори на градоначалници

Мандатите истекуваат, неизвесно како ќе функционираат општините до редовните избори на градоначалници.

 |  Валентина Неловска  | 

На крај на месецов истекува мандатот на охридскиот градоначалник и на Советот како и на останатите први луѓе во општините во земјава. По овој датум градоначалникот нема да има никави службени овластувања. Неизвено е како ќе функционира локалната самоуправа во ваква ситуација кога законодавецот не предвидел можност кога државата нема Влада и Собрание кој и како да се распишат редовни локални избори. За разлика од министрите, на кои кога не е избрана нова влада мандатот автоматски им се продолжува, тоа со локалната власт не е случај. Јавноста сега се прашува како ќе функционираат општините кога на граѓаните ќе им требаат некакви услуги.

Следуваат прашањата поврзани со обезбедување плати за вработените во администрацијата, функционирањето на јавните претпријатија училиштата и градинките, како ќе работат пазарите, паркинг-службите, нискоградба, одржувањето на улиците.

Како решение до излезот од ваквата состојба од правници беше изјавувано дека градоначалникот може да префрли надлежности на општинскиот секретар односно да овласти други лица кои ќе можат да донесуваат одлуки во однос на финансиите и другите обврски кои ги има општината, се до моментот на одржување на изборите и изборот на нов градоначалник. Побаравме став од локалната во која насока одат размислувањата како не би се блокирала општинската администрација, но од таму ќе почекаат проблемот да го решава министерството  за локална самоуправа.
Од ресорното министерство како и од ЗЕЛС засега немаат конкретен став. По се изгледа градоначалниците ќе треба сами да се снаоѓаат а при тоа да водат сметка да не го прекршат законот.
Колку долго ќе трае ваквата ситуација и кога ќе се промени датумот за одржување на изборите во Изборниот законик е неизвесно. Според последните измени на Изборниот законик, како датум за одржување на изборите стои првата половина на мај без конкретен ден. Невозможно е да се направат измени во Изборниот законик затоа што Собранието е без претседател за да се одреди нов термин за одржување на локалните избори. Според аналитичарите, азумно би било партиите да се договорат кога да се одржат локалните избори, а дури потоа со измени на Изборниот законик и на Законот за локална самоуправа да се продолжи мандатот на актуелните градоначалници и советници. Во изборниот законик се потребни интрвенции и за варијантата скратување на роковите за распишување и одржување на локалните избори, кои изнесуваат најмалку 70, а најмногу 90 дена.