Купувал со фалсификувани банкноти
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец.
На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот.
По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на сторителот, набрзо го пронајдоа и го лишија од слобода. Се работи за лице кое сакајќи да се стекне со противправна имотна корист, слични лажни банкноти сакајќи да ги претстави како вистинити, во оптек пуштил и во повеќе продавници во Охрид, Струга, Битола и Прилеп.
Банкнотата е одземена и предадена на вештачење во Народната банка на Република Македонија од каде со експертиза е утврдено е дека банкнотата во апоен од 1000 денари со сер.бр БА3427637 е фалсификат.