Сезоната ќе ја дочекаме со уредени тротоари
Пешачките и велосипедските патеки долж булеварот „Туристичка“ ќе се асфалтираат и физички ќе бидат одделени. Деновиве Секторот за комунални дејности отпочна со реализација на дел од годинешната програма, односно се одвиваат подготвителните градежни активности за реализација на проектот партерно уредување на тротоарските површини низ градов.
Отпочна партерното уредување на тротоарските површини на влезот на градот. Станува збор за реализација на програмата за 2017 год на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, односно уредување на тротоарите на булеварот „Туристичка“. Зафатите за овој потег предвидено било да се изведуваат во неколку фази.
„Во првата фаза планирано е асфалтирање на тротоарските површини и нивно физичко одделување од велосипедските патеки од влезот на општина Охрид односно од улицата Распаќе до пресекот на бул Туристичка со ул .„Стив Наумов“
Градежните активности ќе ги изведува економскиот оператор АД „Илинден“ од Струга, а вредноста на договорот е околу 11 милиони денари за реализација на овој проект, открива Танески.
„Значајно е да се напомене во однос на оние физички карактеристики дека ќе бидат асфалтирани вкупно 2057 метри должни, од едната страна 1069 а според конфигурацијата на теренот од другата страна на булеварот 998 метри, ќе се асфалтираат пешачките и велосипедските патеки“
Танески информираше дека ќе се заменуваат и оштетените рабници на тротоарската површина, а во втората фаза било предвидено асфалтирање и уредување на тротоарска површина од кружниот тек кај ул. „Стив Наумов“ до кружниот кај Билјанини Извори. Додава дека престојната туристичка сезона лицето на градот ќе биде со уредена тротоарска површина.