Skip to main content

Производителите на храна со слаби познавања од земјоделието

Производителите на храна со слаби познавања од земјоделието.

 |  Валентина Неловска  | 

Пчелари, овоштари, рибопроизводители и претставници од бизнис секторот ќе разменуваат знаења и искуства за да се надминат слабостите и проблемите во агросекторот. Решавањето на проблемите ќе значи подбро и подоходовно производство и поголема заработка. На обуката која во таа насока ја организира земјоделската задруга Агро Фаланга во соработка со Сојузот на микрофинансиски  органзиациии и штедилниците, Можности, Хоризонти и Флум. Обуката е дел  проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“  е финансиран од УСАИД,  а го спроведува „Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП). 

Најбројни меѓу производителите на храна беа охридските пчелари.


„ Тука сме за едукација. Секогаш се добредојдени нови знаења. Никој не треба да каже јас знам се доста ми е. Секогаш треба да има место за нови знаење. Од оваа обука да излеземе побогати со уште едно знаење“, кажува од името на пчеларите, претседателот Тони Јосифоски.

Анализите покажуваат дека земјоделците имаат слаби познавања во областа од која сакаат да егзистираат, вели Љупчe Станкоски од земјоделското здружение а Агро Фаланга. Посебно треба да се подобрат финансиските знаења на земјоделците, кажува Станкоски.

„Во обуките се опфатени законот за финансиско работење, отварањето на земјоделските задруги, користењето на кредитните линии, како да се пресметува камата, како да се пресмета цената на производот за да нема загуби,“ набројува Станкоски за дел од аспектите кои се слабост кај земјоделците.

Главен проблем на македонските, па и на охридските земјоделци, е расцепканоста на земјоделските површини. Тоа го прави поскапо и неконкурентно домашното производство. Излезот е во здружување на земјоделцитете, посочува Станкоски.

„ Кога има ситно производство набавката на механизација е скапа и не е рентабилно искористена. Преку задругите може да се набави земјоделска механизација. Таков е ласерскиот наведувач за да се одстрани троскотот меѓу дрвата и при тоа да се намали употребата на хербицидите“, вели Станкоски.

Земјоделските производители не само што имаат потреба од едукација туку и од финансиска поддршка. Љупче Станкоски укажува дека земјоделската задруга Агро Фаланга се бори земјоделците да се здружат и да ги искористат фондовите и грантовите од Европската унија.