Промовирана книгата „Мојот живот после изгубен живот“
Кога суровата реалност ќе те разбуди од лошиот сон, остава трајни белези на остатокот од животот. Една таква зла судбина испишана на страниците од книгата „Мојот живот после изгубен живот“, денес беше промовирана во ОО на Црвениот крст Охрид. Напишана од мајката на убиеното момче Димитар Матилоски, секој што ќе ја прочита оваа книга ќе почуствува силна болка од секој стих, реченица и страна од овој дневник.
Тажната и трогателна животна судбина на прерано згаснатиот млад живот на Димитар Матилоски, испишан на страниците на дневникот на Драгица Матилоска „Мојот живот после изгубен живот“. Кобниот почеток на Новата 2016 година остава неизбришливи траги кај писателот на ова дело кога нешто после полноќ на свиреп начин беше убиенo нејзиното најмило чедо, од страна на српски турист од Краљево. Посакувам ниту една мајка да не ја почуствува мојата болка и да не е завиена во црно заради тагата по изгубеното дете, вели Матиловска.
„Во оваа моја книга „Мојот живот после изгубен живот“, јас ја соголувам мојата душа зборувам за самотијата, стравовите што ги чуствувам дома сама, за празните соби, ходници, за болката кон Димитар и животот без него. Насловот на корицата го претставува Охридското Езеро бидејќи Димитар многу го сакаше Охрид. Позадината на сликата е црниот лебед во езерото во студена замрзната вода бидејќи таква беше и таа новогодишна ноќ, многу студена“
Црвениот Крст се вклучува во акцијата да помогне во продажбата на книгата „Мојот живот после изгубен живот“. Претседателот Сашо Точко рече дека сочуствуваат со тагата на семејството Матиловски и како и секогаш ќе го вложат својот максимум за успешно да ја спроведат и оваа хуманитарна акција.
„Парите кои ќе се соберат од продажбата ќе бидат насочени кон лицата кои имаат здравствени потешкотии во Охрид а им се потребни одредени средства за лечење. Апелирам и ги поканувам и охрабрувам нашите охриѓани, фирми, институции овие книги ќе бидат во нашите простории можеме и да ги доставиме до нивна адреса. Цената е симболична 200 денари и со тоа ќе допринесат за ранливата категорија на граѓани“
Основците од „Григор Прличев“, први ја изразија својата хуманост во нивно име и во името на целиот колектив од ова школо.
„Мене ме пратија моите наставници да учествувам на оваа хуманитарна акција да покажеме интерес за оваа книга од наставничакта Драгица Матиловска“
На последните страници од книгата „Мојот живот после изгубен живот“ и внуците на авторката имаа исцртано неколку цртежи со пораки до нивниот вујко дека многу го сакаат. Инаку средствата од продажбата на книгата „Мојот живот после изгубен живот“ наменети се за хуманитарни цели. Матилоска најавува уште една книга.