Едно лице е повредено во експлозија на писмо кое стигнало во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Париз откако било отворено, јавува BBC.
Повредено е едно лице кое го отворило пликото и се здобило со повреди на лицето и рацете. Канцеларијата на ММФ во Париз е сместена во улицата Avenue d’lena.
Експлозијата се случила откако во германското министерство за финансии во Берлин беше пронајден пакет со бомба која била наменета за министерот Волфганг Шојбле.