Skip to main content

Основците од „Христо Узунов“ се подготвуваат за патрониот празник

Наближува патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Годинава тие одбележуваат јубилеј, односно 4 децении од нивното постоење. По тој повод учениците и наставниот кадар се нозе, подготвуваат разни содржини за денот, а истовремено прават и генералка во училиштето, чистат, уредуваат во и околу училиштето.

 |  Николоска Биљана  | 

Четириест генерации досега поминале во ОУ „Христо Узунов“. Далечната 1977 отпочна со работа оваа образовна установа и оттогаш па се до ден денес од тука излегле многу етаблирани личности од градов, кои рботат во системот на нашата земја. Директорот Тони Симоноски вели дека тоа за нив претставува поттик и понатаму да продолжат со таквото темпо. Второто полугодие е во знакот на подготовка за патронот на ова училиште кое годинава одбележува значаен јубилеј 40 години од своето постоење.

„Веќе сме отпочнати со преуредување на дворот, веќе се поставени оградите кои ги заштитуваат тревните површини, се бојадисуваат сијаличните места, се опремуваат спортските терени каде се предвидени активности за денот на одбележувањето на нашиот патрон. Исто така паралелно се одвиваат и други активности, како што се подготовките за денот на планетата“.

Симоноски нагласува дека наставниот кадар и учениците посебно се подготвуваат за приредбата. Уште отсега ја имале дефинирано програмата, а биле поканети и гостите од збратимените училишта.

„Веќе се почнати подготвките во однос на приредбата која што е доста позната во нашиот град и на општо задоволство голем број од нашите граѓани специјално доаѓаат да ја погледнат приредбата за патрониот празник на нашето училиште покрај колегитеите и учениците Исто така на одбележувањето на нашиот патронен празник ќе ни бидат присутни претставници од збратимените училишта „Вук Караџиќ“ од Врање, „21 Октомври“ од Крагуевац, основна школа од Будва“.

Симоноски ги пофали и учениците кои во второто полугодие покажале одличен успех на натпреварите по математика, биологија, а исто така го нагласи и успехот на учениците кои учествувале на спортските натпревари и донеле пехари за освоено прво и трето место.