Норвешка е најсреќната земја во светот
Во топ 10 се воглавно скандинавските држави
Во најновиот извештај на SDSN за 2017 година, глобална иницијатива покрената од страна на Обединетите нации во 2012 година, Норвешка изби на првото место и ја престигна Данска во изборот на најсреќни земји на светот.

До сега најсреќна беше Данска, а треба да се истакне дека во топ 10 најсреќни се воглавно нордиските земји:
1. Норвешка
2. Данска
3. Исланд
4. Швајцарија
5. Финска
6. Холандија
7. Канада
8. Нов Зеланд
9. Австралија
10.Шведска
Од 155 земји, Македонија е во долниот дел (92.место), а спрема ова истражување најтешко за живеење е во Средно афричката република, Бурунди, Танзанија и Сирија.
Целта на ова истражување е да се пружи подобра алатка до владите, бизнис субјектите и цивилното општество како би можеле да ја употребат за унапредување на благосостојбата и просперитетот на земјите.


