Skip to main content

Политиката се вмеша и во средните охридски училишта

Политиката се вмеша и во охридските средни училишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Во средните охридски училишта се вмеша политика. Ученици од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ излегоа од училишните клупи за протестираат на улица. Дојдоа и по врсниците од економското училиште и во гимназијата. Учениците како што кажаа, протестираат за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичност и федерализација, односно барањата кои се познати и од граѓанското движење „ За Заедничка Македонија“. Учениците при тоа кажаа: 

„Ако сакаат и неоправдани изостаноци нека пишуваат. Сами се организиравме за да се заштити Македонија. Нема да се плашиме ќе ја поддржуваме Македонија“.

„ Протестираме за нашиот јазик, знаме и химна да си останат“.


Средношколците со знамиња скандираа низ улиците и се упатија кон плоштадот. Таму ги изнесоа барањата и дадоа поддршка на политиката на претседателот Ѓорге Иванов.

 

 

 

 

ТВМ ги контактираше директорите Јане Цаноски на ЕМУЦ Св.Наум Охридски, Весела Темјаноска на средното угостителско Ванчо Питошески и Славица Костоска на средното економско Св. Кирил и Методиј, во врска со денешниот бојкот на наставата и излегување на протести со политичка содржина од страна на ученици.

Цаноски и Темјаноска рекоа дека допрва ќе дискутираат за случувањата и ќе го испитуваат однесувањето на учениците. Костоска пак кажа дека е за заштита на ученицоте од политичките влијанија.