Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта
Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта. Со песна и игра и убави маски тие беа навистина пријатна глетка за сите кои дојдоа да уживаат во оваа манифестација.
Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари и што уште не. На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта.
Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат.
На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите.