Skip to main content

Неофицијално, Мерко со уште еден мандат

Според неофицијални информации од ОИК, Рамиз Мерко доби уште еден мандат.

 

 

 |  Билјана Колоска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко
Рамиз Мерко доби уште еден мандат. Оваа победа е резултат од првичните и неофицијални податоци од Општинската изборна комисија. Со речиси 2 илјади гласови, Мерко е во водство пред својот против кандидат од ПЕИ,  Фијат Цаноски.

„Тешка борба, но победи подобриот“ изјави Мерко.

Синоќа, уште од 21 часот, симпатизерите и членови на ДУИ ја славеа подебата за уште еден мандат на Рамиз Мерко. Со веење на албанското знаме и парадирање по улиците на целиот град, ДУИ уште во 21:00ч. ја наговести победата во вториот круг. На градскиот плоштад Мерко им се заблагодари на гласачите кои довербата ја дале за неговата кандидатура. Заедно се славеше со песни и ора во струшката чаршија.

proslavaМотото на кампањата на кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Фијат Цаноски,беше „Струга каква што ја гледам“.

 

„Со овој градоначалник, кој синоќа објави победа,  за Струга нема визија“ вели Цановски.


cauriДали Рамиз Мерко со општината ќе раководи уште еден мандат, останува да видиме откако ќе се произнесе ДИК, по доставените приговори од страна на ПЕИ.