Skip to main content

Деца правобранители ги заштитуваат правата на нивните соученици

Учениците за се она што ги мачи и се чуствуваат дискриминирани можат да се обратат до детскиот правобранител. Младински совет од Охрид заедно со средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Братство единство“ го спроведува овој проект со кој на децата им се овозможува еден правен мегханизам за остварување на нивните права.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Деца правобранители ги заштитуваат правата на нивните соученици. Овој проект поддржан од Младински совет од Охрид се спроведува веќе седум години, а во него е вклучено средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Братство единство“.

Имаме исклучително добра соработка со училиштето и многу е значајно што улогата на детето правобранител во ова средно училиште започнува да се препознава уште посилно и не застануваме тука до крајот на годината ќе имаме уште повеќе активности, вели Весна Цветаноска, локален координатор на проектот за имплементација на конвенцијата на правата на детето.

Децата правобранители се избираат на секои две години така што поднесуваат мотивационо писмо кое се разгледува заедно со педагошко- психолошката служба во училиштето, а професорите бидејќи најдобро ги познаваат учениците одлучуваат кое ќе биде дете правобранител. Моментално во средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ има еден правобранител и двајца заменици, а во ОУ „Братство единство“ има тројца правобранители и тројца нивни заменици.

Интересот на децата правобранители е добар, но не е задоволувчки што значи дека сеуште треба да се работи на промоција на нивните права, на она што тие треба да го знаат како деца кои се нивните права и обврски и да ги почитуваат не само правата туку и обврските кои произлегуваат од нив затоа што тие деца што ќе бидат избрани за деца правобранители треба ад бидат буквално очи и уши на секое дете во училиштето за да можеме ние да регираме заедно со службите, а ако треба и со народниот правобранител, вели Цветаноска.


Денес се одржа инфо ден на кој сите ученици од средното економско училиште можеа да се информираат што е тоа детски правобранител, која е неговата функција и задачи. До крајот на годината ваков инфо ден ќе се одржи и во ОУ „Братство единство“.