Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“
Запреа градежните работи на тротоарите на булевар „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и бараат што побрзо да се направат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локланата објаснуваат дека на терен се соочиле со дополнителни работи па затоа доцнат со санацијата.
Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и кога тротоарите конечно ќе бидат направени бидејќи сега буквално мора да се движат по коловозот каде многу брзо се вози, па загрозена е нивната безбедност.
Има застој во градежните работи на тротоарите бидејќи наследивме еден проблем а тоа е старата водоводна и канализациона мрежа која мора да се замени бидејќи е со азбесни цефки и сето то ќе ги одложи работите, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа.
Граѓаните реагираат зошто истовремено биле раскопани и двата тротоари па сега не може да се користи ниту едниот. Џамтоски објаснува дека тоа е проценка на изведувачот кој предвидел дека можат градежните работи да се извршуваат паралелно.
Според поставената динамика се очекува во текот на оваа недела да бидат заменети цефките од водоводната и фекалната канализација како и да се постават нови приклучоци после што се продолжува со градежните работи за уредување на тротоарите, вели Џамтоски.
Ова е инвестиција на општина Охрид во вредност од 10 680 000 ден., а градежните работи ги врши ЈП „Нискоградба“. Тие се дел од програмата на Секторот за комунален развој и патишта за санација на улиците и тротоарите низ градов.