Skip to main content

Комуналец собира, а несовесните граѓани ги затрупуваат контејнерите со зелен и кабаст отпад

Комуналец собира, а несовесните граѓани ги затрупуваат контејнерите со зелен и кабаст отпад.

 |  Валентина Неловска  | 

Мошне честа слика во градските средини е фрлен отпад со делови од стар мебел, шут и зеленило од средувањето на градините и дворовите. Просторот околу контејнерите се користи за одлагање кабаст отпад и зелен отпад. Од Коминалец велат дека се трудат секој ден да ја санираме состојбата. Некои несовесни раѓаните преку ноќ ги затрупуваат местата со контејнери со ваков вид на отпад, вели Елена Скрческа директор на ЈП Комуналец.


„ Гледаме дека тоа слабо функционира затоа што секојдневно има по секој контејнер кабаст отпад и злене отпад Аплираме до граѓаните ако сакаат Охрид да е убав и д а се развива туризмот, а и јавните површини е дел од тој туризам и така треба да го гледаме, а не ноќе да го фрлаат отпадот“, вели Скрческа.

Скрческа вели подбро е граѓаните доклку имаат ваков вид на отпад да се јават во нивните служби и во механизација за да го подигнат. Сакаме Охрид да биде чист град, потенцира Скрческа и напоменува дека се бара решение за справување и со градежниот шут кој е исто така голем проблем.

„ Во тек е физибилити студијата за Југозапшдниот планксирегион преку МНИнсаитервото за животна средина Таа регионална депонија ќе се справува покрај отпадот и со градежниот шут кој може да се искористува и понатака“, велИ Скрческа.

За зелениот отпад Скрческа напоменува дека дел се компостира и се користи за потребите на нивниот расадник. Додека кабастиот отпад го депонираат во депонијата Буково. Најавува дека и понатака во саботите ќе продолжат со акциите за подигање на зелениот и кабастиот отпад.