Skip to main content

Охридските пожарникари добија нова техничка опрема

Охридските пожарникари добија нова техничка опрема.

 |  Валентина Неловска  | 

Oхридските пожарникари добија нова техничка опрема во вредност од 750.000 денари. За што поуспешни интервенции на пожарникарите се набавени радио станици, пумпи за повлекување вода,штици за извлекување на повредени при сообраќјани несреќи, моторна пила за технички интервенции, метли за шумски пожари, 25 литарски грбни пумпи за интервенција на шумски пожари и на непристапни терени. Општината планира и дополнителни вложувања во личната заштитна опрема на пожарникарите. Со средства во висина од 3.300.000 денари ќе се обновува опремата за лична заштита за 44 пожарникари , информира Горан Маркоски заменик командир на ТППЕ Охрид.

„ Ги имавме деловите на лична заштитна опрема но тие се набавени во 2010 година. Опремата беше вон светските стандарди што треба да ја поседуваме и сега ќе набавиме високо квалитетна опрема која ќе ги штити пожарникарите кои се среќаваат во работата со зголемена топлина, влага, опасности од висини“, наведува Маркоски.

ТППЕ Охрид располага со 7 противпожарни возила кои често се подложни на дефекти и неопходни се поправки. Но како и сите противпожарни единици во земјава така и охридските пожарникари се справуваат со ризичните ситуации. Маркоски напоменува дека Дирекцијата за заштита и спасување или Владата треба да направат анализи кои возила се најпотребни за да се набават. Поради високите цени на противпожарните возила општините не може да ги набават.

„Кај нас има потреба од едно мало габаритно возило кое би се користело во стариот град ,а може да се користи и при шумски пожари“, појаснува Маркоски.

На охридската противпожарна единица покрај мало противпожарно возило , потребен и е и пловен објект кој би интервенирал на пловните објекти , но и на гасење пожари од крајезерскиот брег, кажува Маркоски.

Со современа опрема повредите на пожарникарите ќе се сведат на минимум кои и сега, за среќа се што се должи на обуката и на подготвеноста на луѓето.

Инаку, во текот на месец март охридските пожарникари интеревенирале на 15 опожарени објекти, од кои 13 биле од запалени оџаци, а 16 биле интрвенции на отворени простори.