Skip to main content

Анстасија Чутрова од охридското угостителско училиште во Србија освои сребрен и бронзен медал

 

Анстасија Чутрова од охридскотo угостителско училиште во Србија освои сребрен и бронзен медал

 |  Валентина Неловска  | 

Анастасија Чутрова е ученичка во трета година угостителски техничар смер готвач и келнер. Од мали нозе сака да готви и вели среќна е што и се оставрува желбата и професионално да готви. Таа беше дел од тимот на Гастромак што учествуваше на натпревар „Шумадија Саем“ во Крагуевац, Србија. Од таму се врати со бронзен и сребрен медал. Се натпреварувала во индивидуална и екипна категорија. Наградата и припаднала за подготовка на чоколаден десерт од јаболко во сос од бело чоколадо и ананас.

„ Ова ми е втора награда. Бев и во Турција на светски натпревар за готвачи. Спремав во категорија модерна кујна пилешко месо. Зедов бронза и ова ми е втора натпревар во Србија“, раскажува Чутрова.

Кристијан Китанов, соученик на Анастасија, исто така е ученик готвач во професионалниот тим на Гастромак. Обајцата се вредни и постигнуваат забележителен успех на меѓународни натпревари.

„ Се натпреварував во категоријата паста. Имав околу 30 минути за подготовка под менторство на Влатко Ѓорѓиев и многу му се заблогодарувам во оваа пригода , зато ашто ме внесе во Гастромак и освоив сребрен медал“, вели Китанов.

 

 

Средношколците Чутрова и Китанов во уготителското училиште Ванчо Питошеска доаѓаат од Градско кај Велес. Задоволни се што се единствените средношколци во тимот на Гастромак , од искуството кое што го стекнуваат на меѓународни натпревари од средбите со нови луѓе и откривањето на нови гастрономски кујни. Анастасија Чутрова веќе се подготвува и за нови гастрономски натпревари. Во вторник заминува на Брач во Хрватска , а во јуни ќе патува на натпревар во Турција и Словенија.