Skip to main content

Продолжува крадењето на цвеќињата очиња од јавните површини во Охрид

Продолжува крадењето на цвеќињата очиња од јавните површини во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

По охридските улици и алеи се краде посаденото сезонско цвеќе. Оваа појава се провлекува со години наназад. Несовесни поединци на тој начин му пакостат на градот и обидите на ЈП Охридски комуналец да има што повеќе цветни површини, информира Елена Скрческа директор на ЈП Комуналец.

„Има такви појави ги крадат од расадите и цвеќињата или ги газат намерно цветните јавни површини. Ние се трудиме да ги санираме штетите и во центарот на градот и на патеката кон хотел Горица, но и на другите делови од градот каде што се случува уништувањето“, напоменува директорката Скрческа.

Во моментов на удар се очињата. Станува збор за расад кој е погоден за одгледување во зима, а цвета во пролетните месеци и ги разубавува зелените јавни површини, паркови и алеи. Крадците ги уништуваат цветните алеи во сите делови од градот, укажува дирекорката на ЈП.

„Во делови од градот каде што во вечерните часови има помалку осветлување, на Димитар Влахов и на улиците каде што има помала фрекфенција, на пример како што е патеката кон хотелот Горица. Кога има кражби во централното градско подрчје е тогаш да не зборуваме што се случува во помалку фрекфентните делови од градот“, вели Скрческа.

Екипите на ЈП Комуналец повторно ги засадуваат површините на кои се укредени или уништени цветните насади, информира Скрческа. Таа додава дека сега се подготвува површината на влезот од Охрид да се засадат очињам, како и на патеката кон Горица. Во нивниот расадник се одгледува нов расад со друго сезонско цвеќе кој ќе се засадува во мај и јуни.