Skip to main content

Во стариот дел на Охрид постои мрежа со подземни и надземни хидранти за гаснење на пожар

Во стариот дел на Охрид постои мрежа со  подземни и надземни хидранти за гаснење на пожар.

 |  Валентина Неловска  | 

Мрежа од подземни и надземни хидранти има во повеќе делови во Стариот дел на градот. Околу 10 тина хидранти во старото градско јадро се многу важни при интервенции на противпожарните единици во случај на опожарување. Два подзмени хидранти има на охридскиот плоштад, хидранти има на Сараиште, два во близина на црквата Св.Софија, потоа на улиците Нада Филева, Илинденска, Климентска, кај Горна Порта, на малиот плоштад Крушевска Република, набројува Горан Маркоски заменик командир на охридската ТППЕ.


„Ова се нови хидранти и ЈП Нискоградба ги проверува. Пред неполна година заедно со ова претпиријатие ги проверивме, истите се исправни и се под притисок и може да се користат. Апелираме до возачите на моторните возила, да не паркираат на места каде што се поставени хидрантите, во слулчај на потреба да може да имаме пристап до нив“, повикува Маркоски.

Од ТППЕ Охрид неодамна испратиле барање до Дирекцијата за заштита и спасување. Побарале да се постават нови хидранти во Стариот дел од градот. Станува збор за неколку улички кои се тесни и непродоодни како што се улиците Рашанец, Аргир Маринчев, но и на новата патека кај Лабино.

„Тука се наоѓа лесно запаллив простор, борови и нискостеблеста вегетација и други дрва. Пожелно е да се постави хидрантска мрежа за побрзо дејствување и гасење на евентуални пожари, заради фрекфенцијата која ја има местото и целата патека“, напоменува Маркоски.

Мрежа хидранти има поставено и во населбите Воска, Влашка маала, Лескоец, Видобишта на улиците Питу Гули, Кленоец, Лазо Трпоски со пресеците на споредните улици, 8 ми Септември исто така со споредните улици, кај детската градинка на ул.Ванчо Питошески и неколку хидранти во кругот на Општата болница.