Skip to main content

На охридскиот градски пазар денес се тргуваше на нова локација

На градскиот пазар денес се тргуваше на новата локација.

 |  Валентина Неловска  | 

На охридскиот градски пазар денес се тргуваше на нов прилагоден простор. Поранешниот паркинг сега е пренаменет во локација каде што ќе се продаваат и купуваат прехранбени артикли. Купувачите поделени во размислувањата за новиот простор. Некои зад објективот на камерата коментираат дека просторот е тесен и темен, но имаше и такви кои се задоволни.

На пазарот очигледно е дека сега има помалку тезги за разлика од поранешниот простор. Продавачите со земјоделски производи велат дека на првиот ден е необично , но ќе мора да се прилагодуваат на новите услови.

Тесно е , сега имам помалку тезги , е збунувачки. Прв ден е ќе мора да се навикнеме, велат продавачите. .

Надлежните пак од ЈП Градски пазар досега не ја информираа јавноста дали за органирање на зелен пазар на новата локација ги имаат сите потребни дозволи. Два месеци ја игнорираа јавноста и не даваат одговор на повеќе прашања поврзани со функционирањето на градскиот пазар. Во меѓувреме го оградија просторот и ја обоија оградата од сина во црвена боја, на еден дел ставија бекатон плочки , но не одговорија дали просторот каде сега се поставени тезгите е соодветен според условите потребни за пазар на кој се продаваат прехрамбени производи. Дали претходно истиот е дезинфициран и дали има дозвола од санитарната инспекција.