Skip to main content

IN memoriam: Проф. Јованка Љаткоска

IN memoriam:Проф. Јованка Љаткоска.

 |  Валентина Неловска  | 

Професор Јованка Љаткоска ненадејно почина во 47 година од животот. По повод смртта на Љаткоска денес се одржa комеморацијa на која присуствуваа членови од нејзиното семејство.

Молк и тага во ОУ „Братство Единство“ од  Охрид по ненадејното заминување на професорката Љаткоска. Нејзините колеги и пријатели се простија од омилената колешка за која искажаа прекрасни зборови. Со тага се простуваме од личност со високи морални и педагошки особини, рече на комеморацијата Муарем Доко директор на ОУ „Братство Единство“.

„ За твојот професионален ангажман премалку се зборовите, а премногу делата што ги остави зад себе. Многу признанија, благодарници, награди, успешни државни, регионални и меѓународни натпревари. Твоите ученици ги имаше секаде, а ти како ментор со гордо крената глава горда на нив. Со твоето заминување ние вработените во ОУ Братство Единство загубивме голем работник, голема личност и пред се голем педагог и другар“, кажа Доко.

Од името на колегите македонисти се прости професорот Перчо Божиновски. Изгубивме голем човек и колега од кого несебично учевме. Со сите беше човек, драга Јованче, се обрати за последен пат колегата Божиновски. Не е лесно да се рече збогум, а до вчера сме ти велеле довидување колешке, разделбите се болни, но помислата дека сме те познавале води кон чувство на гордост и чест, рече Божиновски.

„ И по твоето заминување од земниот свет остануваш бесмртна со сите незибришливи траги кои гиостави з ад себе во текот на живото .Вопситана, љубезна , скорман , човечка личност на која не и значеше материјалното, но беше задоволна и богата со идеи, колеги, пријатели, идеали, љубов и вера за македонскиот јазик и литература“, кажа Божиновски.

Професор Јованка Љаткоска цели 2 децении беше посветен професор и педагог на бројни генерации ученици. Љаткоска беше заменик директор во ОУ „Братство – Единство“.