„Аналфабет“ повотрно на репертоарот на Охридскиот Народен театар
Викендов, на 7 и 8 април,охридскиот Народен театар повторно на репертоарот ја постави претставата, „Аналфабет“, работена од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Викендов, на 7 и 8 април,охридскиот Народен театар повторно на репертоарот ја постави претставата, „Аналфабет“, работена од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.
Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.