Skip to main content

МЈП Проаква во четврток ќе го запре водоснабдувањето на Охрид

МЈП Проаква во четврток ќе го запре водоснабдувањето  на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Во четврток на 6 април од пет часот изутрина до 17 часот попладне Охрид ќе биде без вода за пиење. Славините од градската мрежа ќе секнат затоа што МЈП Проаква ќе ја реалзира редовната годишна акција која ја спроведуваат во пролетните месеци, информира Сашо Сотироски технички раководител во МЈП Проаква.

„ Со која планираме да извршиме санација на водоводниот систем односно на вентилите од помал до најголем профил кои ги имаме, миење на резервоарските системи и санација на дефектите на непристапни места во досегашниот период , т.е. во минатата година“, вели Сотироски.

Со исклучок на Лескоец и Велгошти без напојување со вода ќе останат населбите од Пешатани до Подмоље, централното градско подрачје, како и населените места Видобишта и Бараки, набројува Сотироски.МЈП Проаква за прекинот со водоснабдувањето навреме ги информирале и трите охридски здрвствени установи Општа болница, Костозглобна и Кардиолошкиот завод .


„ Тие имаат свои резервоарски капацитети од кои ќе се водобдуваат во тој период за да имаат потребна количина на вода. Одредени подрачја каде што ќе нема вода ќе се врши дотур со цистерни одЈП „ Нискоградба“ и од ТППЕ,  информира Сотироски.

Од МЈП Проаква апелираат граѓаните за нормално одвивање на домашните функции навреме да си обезбедат потребни количини вода.