Skip to main content

Државниот инспектор за труд во Охрид не констатирал драстичен број на повреди на работното место

 Државниот инспектор  за  труд во Охрид не констатирал драстичен број на повреди на работното место.

 |  Валентина Неловска  | 

Според информациите од Државниот инспекоторат за труд во Охрид нема драстични зголемувања на повредите на работните места. Во 2015 и 2016 година се случиле по околу 70 повреди. Пред две години биле регистрирани 23 повреди во преработувачката индустрија, 11 повреди се случиле во здравствените дејности , додека само 8 мина градежни работници се здобиле со повреди на работното место. Истата година за еден градежен работник повредата имала фатални последици по неговиот живот. Остантите дваесет повреди се случиле во останатите дејности. И во 2016 година биле регистрирани околу 70 повреди. Од нив 15 повреди се случиле во здравствените дејности, 27 во преработувачката индустрија, 4 во градежништво и 3 во транспорт. Минатата година имало два смртни случаи каде што по еден работник го загубил животот во градежништвото и во производство.

Во првите три месеци од оваа година се регистрирани 15 повреди од кои поголемиот дел се случиле во јавната управа и во производството, укажуваат од Државниот инспекоторат за труд. Поголемиот број од случените повреди во 2-те изминати години како и во тековната биле од полесен карактер. Најголем број повреди се случиле при доѓање на работа, со лизгање, сопнување или посекотини, информираат од инспекторатот за труд.

Повредите до Државниот инспекторат се пријавуваат во текот на 48 часа ако боледувањето е над 3 дена. Во охридскиот државен инспекторат работи еден инспектор за безбедност при работа кој контролира над 1500 охридски фирми.