Skip to main content

Во регионов има доста талентирани хакери

Во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со сајбер криминалот. Познат етички хакер кој работи за ФБИ ќе ги сподели своите искуства со учесниците на „Кодфест“ маратонот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Сајбер криминалот е во пораст, а во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со овој вид криминал, вели еден од најпознатите етички хакери Ралф Ечемендија кој работи за ФБИ. Спопред него „Кодфест“, програмерскиот маратон кој започна вчера во Охрид и на кој има учесници од повеќе земји од регионов и пошироко е одлична можност програмерите да ги развијат своите бизнис вештини и да се заштитат од хакерите.


Моето присуство овде е доволен показател дека секој може да успее, без оглед од каква средина доаѓа. Jас потекнувам од мало место во Куба па со талент, залагање, и малку среќа, стигнав до овде-вели Ечемендија.

Овој компјутерски и мрежен експерт, на младите програмери, учесници на еден од најголемите ИТ настани во државава, ќе им помогне укажувајќи им како да ги искористат своите амбиции и да напредуваат запознавајќи ги со она што тој го работи.


Мојата поврзаност со ФБИ и други организации се базира на организирање работилници и обуки со цел како полесно да им влезат во трага на хакерите. Никој не знае колкав е нивниот број, но има многу талентирани хакери во овој регион, изјави Ечемендија.

Во рамките на програмерскиот маратон „Кодфест“ кој завршува утре, во текот на 32 непрекинати часови, 27 тимови и 120 студенти од земјата и странство ќе се натпреваруваат со своите идеи и ќе развиваат ИТ решенија.