ПРЕДАВАЊА НА Д-Р СЕМИР ОСМАНАГИЌ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА МИСТЕРИИТЕ НА БОСАНСКИТЕ ПИРАМИДИ
Утре во Охрид во просториите на ФТУ, ќе се одржи предавање на Д-р Семир Османагиќ, човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот.
Утре во Охрид во просториите на ФТУ, ќе се одржи предавање на Д-р Семир Османагиќ, човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот.
Во 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди.
Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување. Тоа не е вистина.
Пирамидите се присутни на сите континенти во светот, и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот.
Предавањата ќе се одржат во три града во Македонија:
10.04.2017 – Скопје, МКЦ – Кино Фросина, 19.00 часот
11.04.2017 – Охрид, Факултет за Туризам и Угостителство, 16.00 часот
11.04.2017 – Битола, НУУБ Св.„Климент Охридски“, 20.00 часот