Skip to main content

Мисијата на Унеско се сретна со невладиниот сектор

Мисијата на Унеско се сретна со невладиниот сектор.

 |  Валентина Неловска  | 

Невладиниот сектор вчера одржа средба со претставници на Мониторинг комисијата од Унеско. Тие ги искажале ставовите и забелешките во однос на заштита на културното и природното наследство во регионот.

И понатаму останува неизвесно дали Охрид ќе остане под Унеско или ќе се најде на листата на загрозени културни наследства, што е чекор до бришење од листата на Унеско, вели Драгана Велковска од Здруженито „Еден“ по одржаната средба. Оваа дилема ќе се разјасни по 8 недели кога Реактивната Комисија на Унеско треба да подготви извештај со информации и забелешки кои ги добила при посетата на Охрид. Реактивната Комисија е најстрогиот инструмент со кој Унеско располага, а посетата следува по заклучокот на Комитетот во Истанбул. На 40 та седница беа донесени препораки кои Владата требаше да ги испочитува, а се однесуваа на владините проекти како што се изградбата на ски центарот на Галичица и експресниот пат Охрид-Св.Наум, кои се опасност регионот да се стави на црната листа на загрозено наследство и да се загуби статусот заштита под Унеско. Мониторинг мисијата извештајот треба да го проследи до Комитетот за светско наследство. Ние се надеваме на разумот на надлежните дека ќе се испочитуваат препораките и ќе продолжиме во конструктивна насока во согласност со потребите на регионот вели Драгана Велковска од Здружението„ Еден“. По одржаната средба со претставниците на Унеско, таа напоменува дека Охрид добива нова шанса за да остане под капата на Унеско.

„ Шанса која ќе биде на стаклени нозе, затоа што, доколку овие препораки од 40- та седница не бидат испочитувани, на наредната 41 седница во Краков, Полска, во јули, регионот ќе биде ставен на листа на загрозено наследство“, информира Велковска.

Невладиниот сектор е изненаден од вчерашнта изјава на претставничката на Унеско дека статусот на Охрид не бил ставен на црна листа на загрозени наследства, вели Драгана Велковска. Подвлeкува дека тоа е информација со која не може да се манипулира бидејќи е достапна на Интернет.

„ Тоа е објективна вистина регионот може да се најде на 41-та седница на листата на загрозено културно наследство. Доколку се најде на листата, следува целосно бришење од списокот на Унеско“, укажува Велковска.

За вчерашната средба со Комисијата, Велковска вели дека имало голем интерес од невладиониот сектор. Но заблежува што институциите не осигурале поголема организирана приустност на граѓаните за да дадат поголем удел во разговорите. Велковска кажува дека присуствувале и невладини организаци кои ги бранеле владините инфраструктурни проекти во заштитените подрачја. На тоа таа укажува дека желбата и волјата на граѓните да се спроведат препораките не го менуваат фактот дека градот може да го загуби статусот на Унеско. Критеруимите се јасни и достапни и се однесуваат на универзалните вреднсоти за култруноти природното наследство со кој располага регионот .