Ракометен викенд во Охрид
Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ овој викенд ќе се одигра Куп на Македонија во Ракомет.
| | Спорт
Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ овој викенд ќе се одигра Куп на Македонија во Ракомет.
Во сабота, 22 април ќе се играат два натпревари. Од 17:30 часот ќе играат РК Работнички – РК Струга, додека од 20:00 часот е натпреварот меѓу РК Охрид 2013 – РК Металург 2.
Целодневниот билет за посетителите чини 50 денари.
Додека во недела, 23 април од 18:00 часот ќе се одигра финалето. Влезот за в недела е 30 денари.