Терористички напад во срцето на Париз
Еден полицаец е убиен, а друг повреден во напад во центарот на Париз, соопшти полицијата. Нападот се случил на „Елисејските полиња“, најпознатата улица во центарот на градот, а полицијата вели дека веројатно се работи за „терористички чин“. Полицијата соопшти дека возвратиле на нападот, при што е убиен еден напаѓач. Безбедносните власти ги предупредија луѓето да ја избегнуваат таа област во главниот град на Франција.

Сведок на настанот, за новинската агенција Ројтерс, изјави дека еден човек излегол од возило и почнал да пука со калашников.
Во Париз, како и во повеќето големи градови во Европа, има високо ниво на безбедност, по серијата терористички напади во изминатите години.
Во Франција има вонредна состојба, по низата терористички напади, кои започнаа во 2015 година, при што се убиени повеќе од 230 луѓе.
Илјадници војници и вооружени полицајци се распоредени да ги заштитат туристички атракции како што се „Елисејските полиња“, и други потенцијални цели како зградата на владата и верските објекти.