Од полноќ горивата поевтинија за 1,5 денар
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари по литар.
Од ноќеска на полноќ бензините и дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).
Со новата одлука на РКЕ Еуросупер БС -95 ќе се продава по цена 66 денари за литар, а Еуросупер БС -98 ќе изнесува 68 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 39,5 денари за литар.
За 1,005 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,397 денари.
Намалувањето, како што соопштуваат од РКЕ, се должи на намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на односот на курсот на доларот во однос на денарот, кој во овој период е понизок.