Skip to main content

Со прскање од воздух и земја ќе се уништуваат комарците

Со прскање од воздух и земја ќе се уништуваат комарците.

 |  Валентина Неловска  | 

На крајбржјето на Охридското Езеро од втората половина на мај ќе започне прскањето против комарци. Според акцискиот план, Центарот за јавно здравје првентивната адултна дератизација ќе ја врши од мај до септември и тоа од земја, информира епидемилогот д-р Јованка Коровешоска. Во борбата со комарците се вклучува и Министерството за транспорт и врски кое објави оглас за доделување договор за јавна набавка на услуги за уништување на возрасни комарци во вредност од околу 100.000 евра. Набавката се однесува на Охрид, Ресен, Крушево, Дојран, Чешиново, Облешево и Берово.

„Во последните 3 години се спроведува и аерогена дезинсекција, а ја спроведува Министервото за транспорт и врски. Центарот за јавно здравје е логистичка поддршка на авионската дезинсекција, а адултната дезинсекција. Во периодот од март до септември секој месец се спроведува ларвицидна дезинсекција. Најдобра комбинација е ларвицидната и адултната дезинсекција. Доколку се уништат со ларвицидната дезинсекција очекуваме да има помалку адултни комарци“, кажува Коровешоска.

Во Охрид , дезинсекцијата се спроведува на површина од 1500 хектари на потегот од Св.Наум до Подмоље.

„Екипи на Центарот за јавно здравје од јануари до март ги мапира жариштата со ларви на комарци. Се следат стоечките води, канали и бари. Со тоа точно се знаат потенцијалните места за размножување на комарците, а најзафатено е Студенчишкото Блато“, вели епидемилогот Коровешоска.

Комбинираното прскање од земја и воздух дава резултати во справувањето со овие инсекти кои се преносители на разни заразни болести. Минатата година се интревенирало 5 пати со ларвицидна и адултна дератизација од воздух и земја, информира Стурлакова Коровешоска.