Кое средно училиште да го одберам?
Промените кои што се јавуваат во образовниот систем годинава директно или индиректно се поврзани со имплементација на Кембииџ методологијата. Деветто одделенците од годинава уште при самиот упис во средните школи, а не како досега во втора година, ќе бидат ставени пред избор кој ќе го трасира патот на нивното понатамошно високо образование.
Кое средно училиште да го одберам? Периодов ова прашање е дилема која треба разумно да се реши, секако со договор меѓу родителите и децата кои завршуваат деветтолетка. Промените кои што се јавуваат во образовниот систем годинава директно или индиректно се поврзани со имплементација на Кембииџ методологијата. Околу изборот на деветтодделенците за гимназиското образование, својот став го изнесе Ангел Јанев сопственик на приватниот образовен центар ПИ СИ
„Родителите заедно со децата пред да ја донесат одлуката каде да се запишат во гимназиското образование би требало да дадат што поточен одговор, каде понатака после гимназиското образование. Која е разликата во однос на досегашното гимназиско образование. Разликата е што овие одлуки ги донесуваа на крајот втората година и сите ученици кои избираа гимназиско образование се запишуваа под исти правила Од оваа година тоа мора да го направат веднаш. Со самиот чин на уписот мора да одлучат за насоката која што сакаат да одат“
Сите потребни информации кои што треба да се знаат за упис во гимназија, Министерството за образование преку локалните канцеларии има доставено материјали, нагласува Јанев. Додава дека во таа насока биле организирани и неколку семинари на кои присуствувале добар дел од наставниот кадар од гимназијата.
„Ние секоја година ги известуваме родителите, но оваа покана нека биде и јавна, сите оние кои што не можат да најдат информации нека повелат во ПИ СИ, Бесплатно во рамките на нашите тековни активности ние ќе објасниме и доколку има потреба ќе организираме неколку презентации било тоа да се во образовниот центар ПИ СИ или по потреба во основните училишта каде што учат деветтодделенците“
Јанев посочи статистика направена во нашата земја но и статистика според Светскиот завод за најбарани професии во светот проектирани до 2020 год. Тоа се медицинските професии и техничките професии. Додека пак укажа и на тоа дека најголем број на невработени во Македонија и надвор, се со економски, правен, менаџмент, маркетинг, јазици, педагогија, туризам, општествени дисциплини. Најголема е побарувачката на работна сила и во Македонија и во странство за кадри од образована медицинска и инженерска струка.