Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција
СВР Охрид со свечен прием го одбележа Денот на македонската полиција.На приемот беше истакнато дека безбедноста во градов е на високо ниво, а и останатите показатели во делот на сообраќајот и криминалитетот се позитивни. Зад СВР останува уште една успешна година.
Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.
Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш, со пронаоѓање на сторителите и соодветно документирање и поденсок до Основното јавно обвинителство, рече Димоски.
Во сузбивањето на наркокриминалитетот, од страна на екипте на СВР Охрид, во текот на 2016 пресечени се канали на нелегална трговија при што се пронајдени и одземени околу 85 килограми марихуана, додека во 2017 околу 35 кг марихуана. Показателите се позитивни и во однос на бројот на сообраќајните незгоди. Оваа година има помал број во однос на лани. Ние како полиција постоиме за граѓаните, тие се основниот императив кон коишто ние сме фокусирани како служба и работиме за нивната безбедност и сигурност, рече Димоски. Заедно со локалната самоуправа и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се потрудиме трендот на намалување да продолжи, додаде тој. За добрата соработка помеѓу Локланата самоуправа и СВР зборуваше и секретарот на општината Димитар Спасески.
Со СВР имаме одлична соработка, освен во областа на безбедноста, и при реализирањето на крупни инфраструктурни зафати, користиме искуства на нивни стручни лица, добиваме помош, сугестии. СВР Охрид со својата работа придонесува кон постојано одржување на мирот и безбедноста на општината благодарност на несебичното залагање на вработените, изјави Спасески.
За успешно реализираната работа пред присутните зборуваше и началникот на одделението за криминалистичка полиција Игор Смилески, аНа свеченоста покрај вработените во СВР Охрид, присуствуваа претставници на локалната самоуправа, на јавни институции и медиуми, како и најстариот пензиониран полициски службеник, Димитрија Стојчески.