Oсмото коло во Суперлигата, без изненадувања
Фершпед Работнички и Фени Индустри ја продолжуваат трката за челното место во машката кошаркарска Суперлига и по одигрувањето на синоќешните натпревари кои не донесоа изненадувања.
Ослабениот (заради казнети тројца стартери) тим на Овче Поле, беше поразен од Фершпед Работнички на гостувањето во Градски Парк. Домаќините немаа никакви проблеми во текот на целиот натпревар и победија со високи 48 поени разлика. Конечниот резултат изнесува 97:49.
Фени Индустри традиционално го победи тимот на Свислион Пелистер со 70:60. Конечните плус 10 домашниот тим во салата Јасмин во Кавадарци ги направи во втората четвртина, која ја доби со 23-12.
На табелата првите две места се за Фершпед Работнички и Фени Индустри со по 45 бода, трет е Свислион Пелистер со 38 бода, пред Амак СП кој има 36 бода, претпоследен е МЗТ Скопје со 33 освоени бода, а последен е Овче Поле кој има 31 бод.
Денеска треба да се одигра последниот натпревар од ова коло во кој се среќаваат МЗТ Скопје и Амак СП во салата Јане Сандански во Скопје со почеток од 17 часот и 30 минути.
{loadposition content9}