Јана Бурческа вечер на „Евросонг“ ќе ги брани боите на Македонија
„Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина.
„Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина. Изборот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај, при што двете полуфиналиња ќе бидат на 9, односно 11 мај, а финаланта вечер е на 13 мај.
Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai, а дел од авторите на SYMPHONIX INTERNATIONAL беа потписници и на „Лисја Есенски“ на Даниел Кајмакоски.
Изведувачите од Македонија, Русија, Холандија, Малта, Србија, Данска, Романија, Унгарија, Австрија, Ирска, Швајцарија, Естонија, Израел, Бугарија, Сан Марино, Литванија, Хрватска, Норвешка и Белорусија настапуваат во второто полуфинале.
Украина, земјата домаќин, откри дека темата за годинашната Евровизија ќе биде славење на разноликоста, додека логото за основа ќе има намисто – традиционален украински ѓердан.