Skip to main content

Државен натпревар по физика во Охрид

Охрид домаќин на државниот натпревар по физика. Околу 320 ученици, 80 ментори од 60 училишта од земјава, учествуваа на овој голем настан, кој годинава се одржува во ОУ „Христо Узунов“.

 |  Николоска Биљана  | 

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа еден од најголемите настани во земјава, натпреварот по физика. Младите физичари од цела земја беа дел од 41 натпревар, поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци. Тие во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи. Претседателот на Друштвото на физичари на РМ доц. Д-р Боце Митрески вели дека со изучување на физиката, со мал напор може да се постигне голем успех, додавајќи дека за жал во нашата земја има малку физичари, но за среќа сите се вработени и секогаш има дефицит на овие кадри.

„Активностите на Државниот..или целта е популаризација на науката и физиката. Физиката сама по себе е популарна, но ние тргнуваме од тоа дека тоа не е доволно, сите слушнале за големите физичари. Но ние преку активностите се обидуваме уште повеќе да ја популаризираме. Се сложувам дека природните науки математиката и техничките науки се тешки таму се работи со суптилни концепти, поими физички закони кои ние секојдневно ги користиме но тешки се за разбирање и сфаќање“.

Во име на општина Охрид младите физичари ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој истакна дека Охрид продуцира квалитетни кадри од оваа област кои денес се професори на најеминентните светски факултети.

„Можеби некои науки на почетокот и не ветуваат придобивки но остварување на сонот е нешто што сигурно носи придобивки. Така да овој настан и ваквите манифестации го претставуваат оној вистински пат по кој што треба да чекорат сите оние кои што сакаат да го остварат својот сон

После одбележувањето на значајниот јубилеј 40 години од постоењето на ОУ „Христо Узунов“, горди сме што денес нашето училиште е одбрано да биде арена на младите физичари од околу 60 училишта од земјава, вели Тони Симоноски, директор на училиштето.

„За нас претставува чест и задоволство да ние го организираме овој натпревар, но и мотивација за нашите ученици како треба да се стремат да дојдат до некои знаења и да ја бараат целта во својот живот

Нашиот град на државниот натпревар по физика го претставуваа 8 ученици, а од соседна Струга тројца. Тестовите кои се работеа под шифра ги оценуваше петчлена комисија.