Струга со контејнери за пластичен отпад
Мала инвестиција но голем ефект. Еколошката свест кај стружани расне.
отпад
Стружани започнаа да го селектираат отпадот. По целиот град, на најфрекфентните места веќе се поставени специјални контејнери наменети исклучиво за пластичен отпад. Граѓаните полека стекнуваат навика, ваквиот отпад да го излагаат на едно, а останатиот на друго место.
Велат дека сметот кои состои пластичен отпад го излагаат во новите контејнери наменети за тоа.
Проект-координаторот за Локален Економски Развој при општина Струга, Владислав Жупан, вели дека со новиот начин за излагање и селектирање на отпадот се надминале нивните очекување за успешно спроведување на проектот.
Во Струга предвидени се да се постават 30-тина контенјери, во моментов по целиот град има само 15-тина. Останатите ќе се постават пред почекоток на летната сезона, и тоа исклучиво по крајбрежјето на езерото. Овој начин на селектирање на отпад, освен што е практичен и корисен за граѓаните, е и голем профит за одредени граѓани.
„Пластичкиот отпад го собираат социјално загрозени лица, тоа се приватни партнери на на ЈП. Комунално во Струга“- кажува Жупан.
Поставувањето на контејнери за пластичен отпад е заеднички проект на ГТЗ со општините; Струга, Вевчани и Дебрца. Станува збор за инвестиција вредна 5 илјади евра. На видум е мала но допрва ги очекуваме големите ефекти, вели Жупан.

{loadposition content9}