Skip to main content

Паѓаат канделабри низ Струга

Надвисната бандера веќе 10-тина дена им се заканува на граѓаните кои живеат на улицата “Велко Влаховиќ“.

 |  Билјана Колоска  | 
bandera
бандера
Надвисната канделабра опасна по животот на стружани. Веќе 10-тина дена пластифицирана  бандера која се наоѓа на улицата „Велко Влаховиќ“ е пред паѓање. Поради преоптовареноста од телефонски но и други кабли, таа надвисната стои во непосредна близина на детската градинака „Пеперутка“, односно се потпира на гранките од дрвото кое се наоѓа во дворот на установата.

Граѓаните апелираат до надлежните веднаш да превземат мерки за отстранување на канделабрата бидејќи во опасност се става пред се животот на децата кои претстојуваат во градинката.

За канделабрата која е на паѓање, деновиве до надлежните никој не реагирал. Дури денеска случајот е пријавен во општина Струга, кажуваат од таму. Директорката на детската установа, усно ги информирала за овој сериозен проблем. Уште во текот на денешниов ден ќе се отстранува дефектот, вели одговорното лице за улично осветлување, при општина Струга.

bandera„Утринава екипа излезе на терен да ја увиди состојбата, бидејќи имаме и други работи кои ни се приоритетни и неможе да чекаат, на овој проблем ќе одговориме кон крајот на денешниот ден“-вели Тажгур Сулејмани, од одделението за улично осветлување при општина Струга.

Уште утре канделабрата стара  ќе биде биде заменета со нова  метална. Квалитетот на  ваквите бандери не е на задоволително ниво, вели Сулејмани. Тој кажува оти во текот на претходниот месец само на оваа улица интервенирале за отстранување на неколку вакви случаи. Во план е кажува Сулејмани, постепено во целиот град да се постават нови метални канделабри, бидејќи веќе постоечките можат да паднат во секој момент. Апелираат до граѓаните, штом имаат ваков случај веднаш да го пријават.

 

{loadposition content9}