Се ситнат деновите, се усогласува текстот на гаранциите кои Иванов ги бара
Партиски извори во СДСМ за Макфакс ги демантираат информациите кои се појавија во одредени медиуми дека веќе биле испратени гаранциите кои претседателот на Република Македонија ги бара за доделување на мандатот за формирање на нова влада предводена од Зоран Заев.

Од Макфакс велат дека кабинетите на Заев и на Иванов се уште го усогласуваат текстот на гаранциите кои треба да му бидат испратени на Иванов, а „сите други информации кои излегуваат во јавноста се само шпекулации“.
Претседателот Иванов има рок до 19. мај да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, а доколку тоа сепак не го стори, речиси е извесно дека парламентарното мнозинство ќе формира влада заобиколувајќи го шефот на државата.
Од СДСМ и денеска повторно предупредија дека Иванов мора да го даде мандатот, бидејќи веќе се доведени во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси, кои се под ризик да не добиваат плати и надоместоци, а граѓаните да не ги добиваат потребните општински услуги, бидејќи вчера заврши мандатот на градоначалниците. СДСМ предупредува дека парламентарното мнозинство нема да дозволи парализа на државата и дека ќе биде избрана нова реформска влада.