Трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“ беа во посета на регионалната телевизија ТВМ
Режисери, новинари, камермани се само дел од амбициите на трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“, од Охрид, како можност за нивна идна професија. Околу 40 ученици денес беа во посета на регионалната ТелевизијА ТВМ. Тие беа љубопитни, прашуваа интересни прашања поврзани со новинарската професија и на заминување од телевизијата кажаа дека се воодушевени од посетата.
Трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“ денес беа во посета на регионалната телевизија ТВМ. Тие имаа можност да ги разгледаат сите простории, студијата, техниката, режијата, новинарскиот деск, аудито. Учениците се запознаа со техничко монтажната работа, работата на новинарите како и со снимањето на контактните емисии, дневникот. Наставничките кажаа дека целта на посетата е учениците да дојдат и конкретно да видат како изгледа една телевизиска куќа, бидејќи се тоа е застапено во нивната наставна програма. Учениците пак, покажаа голем интерес за запознавање со дел од новинарскта професија. Ја препознаа сценографијата од утринската програма Охридска јоклама како и на министерството за комедија каде познатиот стендап комичар Никола Тодоровски ја снима својата емисија, а исто така познато им беше и студиото на Дневникот.
„Воопшто не знаев како ќе е овде. Добро е убаво е. Кога ќе пораснам јас би сакала да станам новинарка – вели една од улченилките.
Многу е убаво…јас сакав да дознам што користите за да е олку светло и со какви камери снимате, ме привлече амбиентот на студиото…ова се личи како соба – вели друг ученик
.Прв пат доаѓам во телевизија и убаво е што не снимате. Кога ќе пораснам јас сепак би била докторка. Јас кога ќе пораснам сакам да станам новинар.
Прв пат доаѓам се ми се допаѓа би сакал да работам режисер. Јас сум во регионалната телевизија ТВМ….овде навистина е убаво“.
Ваквите посети од страна на основците се реализираат секоја година, а тоа пред се се должи на одличната соработка што ја има регионалната телевизија ТВМ со образовните установи од градов.