Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур
Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур.
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји.
Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита, активностите на спортски и културен план, како и соработката со здруженијата од соседните земји, информира Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
„ Со задоволство бевме пречекани и бевме пријатно изнендени од она што ни го приредија. Разменавме искуства, подаривме сувенир од нашиот град , а тие ни возвратија исто така со сувенир. Полека се зацврстуваат активностите на соработка“, истакна Трпчески.
Целта на соработката е продолжување на воспоставување на пријателски односи со колегите од соседните земји. Досега се воспоставени контакти со пензионерите од Врање, Србија, Стара Загора, Бугарија и со Поградец, Албанија. Соработката со пенизонерите од Костур, Грција е во насока размена на искуства на добро соседските релации во регионот , напоменува Трпчески.
„Мислам дека нашиот пример треба да го следат и другите организации и здруженија. Односите со Грција ни се подалечни, а ние се трудиме да се зближиме. Оваа ситуација е меѓугранична соработка она на што инсистира и Европската заедница. Ние успеавме да ја реалзираме оваа меѓународна соработка со колегите од Костур“, кажува Трпчески.
Здруженеито на пензионери од Охрид и Дебрца возвратна посета на колегите од Костур очекуваат на почетокот од месец јули. Во контекс на продолжување и јакнење на добрососедската соработка пензионерите од двете земји ќе потпишат и Повелба за соработка.
Од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца прават обиди за воспоставување на соработка и со пензионерско здружение од Турција.