Skip to main content

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки.

 |  Валентина Неловска  | 

Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми, но е неразумно да тврдат дека на 24 март завршил мандатот на советниците и градоначалникот, подвлекува Чинго.


„ Државниот инспекторат за Локална самоуправа не е тој што толкува закони. Оосбено не за тоа, кога престанува или започнува мандат .Тие се должни да вршат контроли инадзор на работат и доенсувањето на одлуките“, напоменува Чинго.

На 24 март 2013 година беше првиот круг на локалните избори. Завршија изборите , но во некои општини имаше прегласување и втор круг на гласање. Следуваа законски рокови и верификации на мадатите на советниците и градоначалникот, појаснува Чинго.


„ Со завршување на изборите на 24 март 2013 година членовите на советот нити Советот беа конституирани и имаа мандати. Ако гледаме од кога и како треба да имаме или немаме мандат треба да имаме предвид кога е конституиран советот“, укажува Чинго.

Во моментов во земјава имаме специфична ситуација кога се поминати роковите за распишување на локални избори и немаме конституирано Парламент. Во законите има регулатива за предвремено престанување на функцијата Градоначалник и за мандатите на советниците, но нема регулатива за продолжување. Решението е техничка функција на градоначалниците додека Парламентот не распише избори и не се избере нов градоначалник.
Гордана Коњаноска, претседателката на Советот на која и истече четригодишниот мандат, на прашањето што ќе преземат понатака по соопштението на државниот инспекоторат за ЛС , за поништување на сите одлуки донесени во советот на општините по 24 март, кусо не брифира дека до нив сеуште нема никаков документ или известување и се воздржуваат од било каков коментар. Охридските советници на 27 април донесоа бројни одлуки за легализација на објекти, одлуки важни за функционирање на градот од областа на сообраќајот и спортот.