Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија
Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија.
Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески.
„Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески.
Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се планирани 8 изложби или изложба секој втор петок, вели Блажески.
Изложбите ќе се организираат во реновираната изложбена галерија. Досегашното искуство на посетеност на ликовните изложби покажуваат дека има потреба од извесни промени , додава Балжески.
„Некои изложби се посетени, а други помалку. Треба да се поработи на рекламата. Но, и на интересот кај луѓето. Особено кај децата и создавањето накултруни навики. Тие се идните генерации кои ќе доаѓаат да ги видат делатат, а тоа треба да се прави од мали нозе. Соработуваме со училиштата и ликовните секции во иднина да едни од главните посетители, подвелекува Блажески.
Изложбата на ликовни современи дела ќе биде отворена утре во Галеријата Робевци. Меѓу сликарите од земјава и странство ќе бидат изложени и дела од охридксите умерници Марија Мешкоска, Билјана Тодороска, Емел Махмуд, Славица Секулоска, Васка Опелоска и Елисавета Мартиноска,Тони Попов и Ѓорѓи Крстески.