Ограбени охридските сувенирници
Охридските сувенирници кои се во сопственост на Завод и Музеј Охрид, мета на крадци. Според изјавата на директорката Тања Паскали Бунташеска биле одземени само пари. Крадците не посегнале по вредните предмети од трите сувенирници, а била направена и мала материјална штета.
Ограбени трите сувенирници во Охрид. Изминатиот викенд непознат сторител извршил кражба во охридските сувенирници кои се во сопственост на Завод и Музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека крадците биле влезени по пари, бидејќи ништо не недостига од сувенирите.
„Исклучиво беа земени финансиските средства кои што беа затекнати до фискалните каси, друго ништо не земено, направена е штета, не се големи финансиските средства, само што кражбата е извршена“
Бунташеска вели дека настанот го пријавиле во полиција и тврди дека објектите каде што се продаваат вредни сувенири од нивна страна биле обезбедени.
„Тие се обезбедени со имаат и аларми, не знам како поинаку би ги обезбедила, така да останува на службите во полиција да откријат кој ги изврши кражбите. Веројатно е некоја група на која што и требеле финансиски средства, бидејќи секако ние продаваме вредни предмети во сувенирниците според пописот кој што го извршивме после кражбите ништо не е украдено освен пари“
Покрај суверниците на Завод и Музеј, биле обиени и неколку продавници во централното градско подрачје од истата група која делувале викендов како што информираше Бунташеска.